| четврток, 6 декември 2018 |

Се урна шпански воен авион во Севилја

Military transport plane crashes in Spain, killing crew members

Воен авион од типот Ербас А400М се урна во зоната на аеродромот Сан Пабло во Севилја, Шпанија, соопшти шпанското министерство за одбрана, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според шпанското министерство за одбрана, авионот не бил пилотиран од шпански пилоти, според весникот Ел Паис, авионот бил на пробен лет и тој се уште не бил испорачан.

Шефот на шпанската влада Мариано Рахој, зборуваше за 8 до 10 лица кои се наоѓале во авионот, изразувајќи сочувство. Тој притоа го откажа предизборниот митинг во Тенериф на Канарските власти.

Поради падот на авионот другите летови од Севилја доцнеле. Ербас ги монтира воените везрии на својот авион А400М во својата фабрика во Севилја, каде отвори кризна ќелија.

Засега нема информации зошто се урнал авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top