Авион на Војската на Србија од типот „Галеб 4“ се урна денеска во реонот на селото Слатина во близна на Шабац, јави Танјуг. Според неофицијални информации, на кои се повикува Б92, при инцидентот загинал пилотот на авионот.
Српското Министерство за одбрана засега не ги потврди ваквите информации.
Танјуг јави дека на местото на падот на авионот приситгнале неколку екипи на Брзата помош, но засега не е познато дали има повредени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.