Косовското Mинистертво за надврошени работи во реакцијата за денешните случувања во Куманово, наведува дека со голема загриженост ги следи „вестите од Македонија за насилни инциденти во неколку локалитети, во кои се инфирмира дека има и жртви“.
– Република Косово остро ја осудува заканата по редот и безбедноста од која било индивидуа или група која има за цел дестабилизација на Македонија. Министертвото за надврошени работи априлира до сите страни да се воздржат од насилство и да изнајдат решение преку политички дијалог, во рамките на инситуциите на земјата и Охридскиот договор, што го гарантира интегритетот на Македонија и исполнување на правата на заедниците, стои во соопштението на косовското Министерство за надворешни работи.
Инаку, случувањата во Куманово се топ тема во косовските медиуми, кои во контиунитет пренесуваат информации,повикувајќи се на македонски или странски медиуми
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации