| четврток, 6 декември 2018 |

Дамјановски: Да ги оставиме органите да си ја завршат својата работа

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски денеска по акцијата што почна рано изутрината за разбивање вооружена група во „Дива населба“ во Куманово, повика на смиреност, стабилност и апелира да не се крева паника, граѓаните да не групираат по етничка основа, како и да се сочува мирот.
Дамјановски на прес-конференција рече дека постојано контактира со преставниците на полтиичките партии, членови во Советот на општината и повика да се да се зачува мирот и во тој дел од градот во населбата „Тоде Мендол„.
Куманово, рече тој, се разбуди во неспецифична ситуација со рафали, стрелби, налети на хеликоптери.
– Засега никој не ја знае генезата, мотивите на вооружената група, рече Дамјановски. Наведе дека таа вооружената формација нема поддршка од месното анселение на „Тоде Мендол“. Дамјановски додаде дека општинските служби се мобилни и оти МВР презема мерки, како и оти дека  се надева дека ќе остане изолиран инцидент.
Градоначалникот на Куманово информира дека општинските служби се мобилизирани и ставени во функција на оддржуавње на градот. Не знаеше каже дали има повредени полицајци и цивили, само истакна дека МВР во текот на денот ќе даде официјална информација.
Дамјановски потенцира дека воспоставил контакт со началникот на МВР утрово при што било договорено општината да си ги преземе своите активности. – Стоиме на располагање на МВР во интерес на градот и РМ, изјави Дамјановски.
Според него, оваа акција има поврзаност со акцијата во Гошнце и додаде дека со неа се дава силна порака и дека конечно таа ќе ги затвори сите можности за идно развивање на такви групи.
– Да ги оставиме органите да си ја завршат својата работа и сметам дека после завршувањето, ќе дадат објективен извештај, истакна Дамјановски.
Тој изрази надеж дека инцидентот ќе заврши брзо и оти до крајот на денот целосно ќе се стабилизира состојбата.
– Куманово ќе го надмине овој проблем и ќе продолжиме да го градиме Куманово со сите вредности, соживот, толеранција почитување на различностите, рече Дамјановски.
Смета дека ова е изолирана акција која нема да се прошири и, како што потенцира, нема да го турне Куманово во виорот на војната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top