Заменик косовскиот министер за надворешни работи, Петрит Селими, за пришптинскиот весник „Коха диторе“ потврди дека на војувалиштата во Сирија и Ирак се убиени 30 државјани на Косови, напоменувајќи дека се верува оти оваа бројка е значително погопема – од 50 до 60.
Со овој податок, како што се наведува, располагаат косовските безбедносни служби, а нивното загинување е потврдено од различни извори.
Само минатата недела се убиени тројца косовски државјани, пишува весникот и наведува дека Министерството за надворешни работи располага со податоци за 30 убиени.
Селими додава дека во неговиот ресор веруваат дека оваа бројка е значително поголема и дека се движи од 50 до 60.
„Коха диторе“ пишува дека се верува дека вкупниот број косовски државјани кои учествувале во воените дејствија во Ирак и Срија досега достигнал 300.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


