| четврток, 6 декември 2018 |

Над 20 китови пронајдени мртви на чилеанскиот брег

chile-beached-whales

Повеќе од 20 кита биле најдени мртви на морскиот брег во најюжниот дел на Чиле, соопшти националната служба за риболов, цитирана од француските медиуми.

Китовите биле пронајдени од група научници, кои работеле во регионот, а кои потоа ги информирале чилеанските власти.

-Беа распрснати на плажата, ниту еден немаше повреди. Затоа мислам дека се жртви на концентрацијата на големо количество алги, кои можат да бидат отровни или на некаков вирус, изјави германскиот биолог кој раководи со групата научници, која ги открила китовите.

Плажата каде тие биле најдени се наоѓа на фјорд, достапен само по вода, а е оддалечен четири дена пловеќе од градот Пуерто Монт,
далеку од секаква човечка активност. Научниците, сепак, споменале дека недалеку од местото на угинувањето на китовите се наоѓала и воена база.

Труповите на китовите биле најдени уште на 21 април, но научниците се вратиле во Пуерто Монт дури во средата, кога за тоа ги информирале локалните власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top