| четврток, 6 декември 2018 |

Пукотници во Куманово од 4 часот утринава (ВИДЕО)

10444598_825669354187964_372122141015357264_n

Истрели и пукотници се слушаат од 4 часот утринава во Куманово. Според информациите на локалниот портал „Кумановски муабети“, истрелите доаѓаат од правецот на Зелен пазар, ул. Тоде Мендол, односно од повисоката зона на градот предоминантно населена со албанско малцинство.

Полициските сили веќе се во Куманово, а од рано утрово хеликоптери прелетуваат и над Скопје.

Според албанскиот портал „Лајм“ повредени се неколку лица, меѓу кои и полициски службеници, кои итно биле префрлени во скопските клиники, но засега се е шпекулирање, бидејќи информации за тоа што точно се случува во Куманово од МВР нема.

Од утрово на граѓаните не им се дозволува да ги напуштаат своите домови и да се движат во центарот на градот во чија близина е и оваа населба.

На албанските портали и групи на социјалните мрежи се апелира граѓаните да не наседнуваат на овие провокации од „непријателите на Албанците“, туку да останат во своите домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top