| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ги злоупотребува и средношколците за свои цели

Најголемата опозициска партија СДСМ ги злоупотребува и средношколците за остварување на своите политички цели. Наместо досегашните мирни протести, средношколците денеска решија да се приклучат кон насилството на СДСМ и заедно со демонстрантите се упатија кон МВР.

И претходно се пишуваше дека како организатор на средношколскиот протест се јавува таканаречениот Средношколски пленум, кој пак е пандан на Студентски пленум, за кој во јавноста стана јасно дека не е ништо друго, туку само продолжена рака на СДСМ и Соросовата фондација во земјава.

Ова е уште еден доказ дека и средношколците се под директива на опозицијата, која ги политизира и злоупотребува за своите цели.

Маските на таканаречениот Средношколски пленум паднаа уште во вторникот, кога на насилните протести пред Владата можеа да се забележат и членови на овој пленум. Иако Средношколскиот пленум, кој како организација официјално и не постои се оградува од сите други протести што не се поврзани со образование, сепак нивни истакнати членови и лидери можат да се забележат на насилните протести.

Таков на пример беше случајот со Ѓорѓи Ставриќ, кој беше меѓу оние кои беа во први редови на насилните протестите кои се одржаа на 5. мај пред Владата, а на кои беа повредени околу 40 полициски службеници.

Денешното приклучување на средношколците на протестот организиран од опозицијата само докажува дека децата се злоупотребуваат за остварување на партиски и политички цели, впрочем поради што е и целиот нивен бојкот на наставата, откако надлежните ги прифатија сите нивни реални барања, но тие останаа надвор од училиштата очигледно инструирани и политички злоупотребени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top