| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: На некој однадвор не му одговара економскиот развој на Република Македонија

Македонија годинава чекори добро со економските параметри. Таа е единствена земја во Европа што предвидува раст на БДП од 4,1 отсто. Се предвидува Ова го истакна претседателот на партијата ГРОМ и раст на индустриско произвотство, раст на извоз, раст на туризам. Очигледно е дека на некој однадвор не му одговара ваков развој на Република Македонија. Јасно е дека тој авион македонски што се обидува да полета сака некој да го рекетира, меѓутоа користи домашни ресурси за тој рекет, рече поранешниот функционер на СДСМ, Стевчо Јакимовски, во Дневникот плус на Канал 5.

Такви деструктивски, посочи Јакимовски, јасно е дека има, но во исто време сите останати прогресивни сили треба со политички средства да се спротивстават на ваквите обиди за насилно рушење на Власта во РМ.

-Нашата партија не поддржува насилно рушење на Власта во Р.Македонија затоа што тоа ќе внесе опасен преседан од кој потоа најголема штета ќе има ат граѓаните на Р.Македонија, истакна тој.

Тој додаде дека граѓаните немаат верба дека таа група што сака насилно да ги руши институциите, потоа ќе направи стабилни институции во РМ и потенцираше дека мора да има политичка и судска разрешница за целиот овој случај.

-Јас сум длабоко убеден дека граѓаните на Р.Македонија не сакаат насилно сценарио и не сакаат крв по улиците на Р.Македонија, потенцираше  Јакимовски во вестите на Канал 5 телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top