Тие велат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која покажа дека за врвен приоритет ја има подобрата иднина на Македонија.
Наспроти ова, велат членовите на ДОМ кои преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Поповска им излезе во пресрет на структурите кои не и мислат добро на Македонија и на нејзиниот народ.
-Токму ВМРО-ДПМНЕ како партија носител на Коалицијата за подобра Македонија покажа капацитет да работи на реализација на изборната програма, која доби огромна поддршка на последните избори, а резултатите од тоа сите ги гледаме. Нови автопати, нови фабрики, нови работни места, нови болници и училишта, поголеми плати, пензии и социјална помош за граѓаните. Сметаме дека оваа одлука на ДОМ е донесена лично од страната на претседателката Поповска и помала група околу неа без притоа да се консултира со базата. Овој потег на Поповска го сметаме за несериозен, кој не и доликува на одговорна политичка партија и сметаме дека со вакви потези не се придонесува кон стабилноста на државата и интересите на Република Македонија, истакна Радивој Маџовски.
Тие ги повикуваат сите други граѓани кои не се согласуваат со ваквите политики на опозицијата да се приклучат кон збивање на редовите и да ја сочуваат иднината на Македонија.
-За жал Поповска и централното раководство на партијата покажа крајна неодговорност и на тој начин им излезе во пресрет на структурите кои не и мислат добро на државата и на народот, кој на крајно нелегален начин со креирани материјали и насилства на улиците се обидува да се дограби до власт без поддршка на граѓаните и без избори, истакна Маџовски.
Меѓу членовите кои преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ е и генералниот секретар на ДОМ, Стево Темелковски, заменик министер за животна средина. Ова е писмената изјава на Стево Темелковски, секретар на ДОМ.
-Би сакал да искажам целосно несогласување со одлуката ДОМ да излезе од коалицијата за Подобра Македонија. Мојот став е дека ваквата политика не е во согласност со изборните ветувања со кои настапаивме и се обврзавме пред граѓаните на последните парламентарни избори. Коалицијата за Подобра Македонија има своја заедничка програма во која сме се обврзале пред граѓаните. Сме ветиле дека ќе создаваме работни места, ќе градиме патишта, ќе ја подобруваме животната средина, ќе им помагаме на граѓаните, но не сме ветиле дека ќе се занимаваме со гола политика.
ДОМ добила мандат од граѓаните врз база на програма и коалиција. Ние мора да го почитуваме тоа.
Дополнително, мојот став е дека и лично како поединци и како политичка структура требаше да се бориме за стабилна Македонија, а не да повлекуваме чекори кои можат да бидат протолкувани обратно.
Заради овие причини, Ве известувам дека мојата енергија и труд и понатаму ќе биде вложуван за проекти и активности кои ќе помагаат на граѓаните и на Македонија.
--
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)