| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Во Украина животот го загубиле речиси 7.000 цивили

украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека речиси 7.000 цивили го загубиле животот, а повеќе илјади се водат како исчезнати во немирите што ја зафатија Украина во текот на  изминатата година, јави Танјуг.

Пред пратениците во украинскиот Парламент Порошенко рече дека во судири со проруските сили животот го загубиле 1.657 украински војници.

Бројките што Порошенко ги изнесе во значителна мерка ги надминуваат претходните проценки.

Во источна Украина се уште има судири, иако од средината на февруари во сила е прекин на огнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top