– На товар ми се става тоа што сум на погрешната страна во конфликт меѓу западната и руската политика, грев ми било што сум се поздравил и зборувал со Путин, што сум ги поддржувал и солидаризирал со „бунтовниците“ во Украина, како ноќен волк сум бил екстремен националист и хомофоб, сум поттикнувал демонстрации и сум ги провоцирал државите, сум бил против Мајдан и за анексијата на Крим. Од тој аспект (како што пишува во образложението за моето апсење) тие предвидуваат дека со мојот влез во Германија претставувам закана за општата сигурност и ред во Германија…. Многу ми е жал што цела колона чекаше со саати, Многу ми е жал што не стигнав до Берлин. Но среќен сум што сите други, сите до еден што ги пуштија, не си заминаа додека јас не им го кажав тоа. Поминаа сите наши браќа од од Русија, Македонија, Бугарија, Чешка, Германија за да си ја постигнат целта. Не знаат Германциве дека кого го нема и без него се може- објави Ленин Јовановски, водачот на „Ноќни волци“, преку социјалните мрежи.
Тој за „Република“ вели дека е ангажирана адвокатска канцеларија за случајот, но додава дека поради претстојниот викенд, доколку и добие дозвола, сепак ќе ја пропушти прославата.
Јовановски не знае, а ниту полицијата можела да му одговори, дали оваа забрана е привремена, односно само за време на прославата во Берлин, или е за подолго време. Додава дека досега постојано патувал низ сите држави од шенгенската зона со македонскиот пасош и никаде не наишол на ваков проблем. Каков и да е исходот од адвокатскиот тим на Јовановски, тој најавува тужба до европските истанции поради кршење на човековото право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)