Подготовките за „Евровизија 2013“, која ќе се одржи во Шведска во мај, веќе се во тек, а организаторот го претстави изгледот на сцената на која ќе настапуваат натпреварувачите.

Идејата за изгледот на сцената е логото на „Евровизија“ и има облик на крила од пеперуга, а структурата ќе заземе голем дел од „Малме арена“.

Извршниот супервизор на „Евровизија“ Јон Ол Сенд на состанокот на раководителите на делегациите истакнал дека организаторот сака публиката да може што еднакво да ја доживува сцената.
– Сакаме секоја песна на натпреварувањето да блесне во полн сјај – изјавил Санд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


