| четврток, 6 декември 2018 |

Франција отвори истрага за силувањето деца во ЦАР

Француски истражни судии ќе ја водат истрагата во врска со обвинувањата за силување деца во текот на 2014 година во бегалскиот камп за што се обвинети француски војници од мисијата во Централноафриканската Република.
Една седмица откако британскиот дневен весник „Гардијан“ ја објави аферата и критиките поради политиката на чекање иако било сигнализирано, парискиот суд во четвртокот навечер објави дека покренува истрага по наводите.На судиите им е доверена истрагата за силување малолетници кои ги извршиле лица коишто ги злоупотребувале овластувањата, се прецизира во соопштението на државниот обвинител на Франција, Франсоа Молен.

Околу десетина деца, од кои најмладото имало девет години, биле сексуално злоставувани во замена за храна или биле силувани, обвинуваат невладини организации, меѓу кои и „Спасете ги децата“ (Save the Children) и ги повикува ОН да ја истражат аферата коојашто може да го урниса реномето на француската војска и воопшто сликата на Франција во Централноафриканската Република, каде што интервенираше во операцијата „Санргис“.

Врз основа на сведоштвата на децата кои ги собрале иследниците на ОН, француското правосудство отвори прелиминарна истрага, која беше тајна сé до минатата среда, кога за тоа се појави напис во британски Гардијан. Истрагата, наводно, опфаќа 14 француски војници.

Истрагата, покрај француските, опфаќа и војници од некои други земји, објави американска хуманитарна агенција без да прецизира за кои држави станува збор.

Некои здруженија ги обвинија ОН за обид да го забошотат случајот, бидејќи Андерс Компас, функционер на Високиот комесаријата на ОН за човекови права, кој за тоа проговори, беше суспендиран на 17-ти април годинава. Огорчен од инертноста на ОН, Компас во јули 2014 година до француските власти им проследил извештај под наслов „Сексуалното злоставување на деца од страна на меѓународните вооружени сили“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top