| четврток, 6 декември 2018 |

ЦРН екран на електронските медиуми поради насилство врз новинари

Електронските медиуми со црн екран се приклучуваат кон протестот против насилство врз новинарите.

Претставници на медиумите изминатиов период беа мета на вербални и физички напади од страна на поддржувачите и активисти на СДСМ.

– Последните месеци, во повеќе наврати политичката партија СДСМ ги навредува и им се заканува на новинари од медиуми кои не се во сервис на нивните политички потреби. Иста така ги охрабрува и мотивира нивните припадници и симпатизери кои извршија серија физички напади и закани врз новинари и уредници на Сител ТВ, МРТВ, Канал 5, Алфа, дневниот весник “Вечер”, Радио Слободна Македонија, интернет порталите Курир, Нетпресс, Република, Пресс 24… Бараме амбасадите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Русија како и канцеларијата на ЕУ во Македонија да преземат мерки и да извршат притисок врз СДСМ да го почитува законот и европските стандарди во однос на работата на новинарите- пишува во телопот.

Ова што се случува е тежок скандал, но Здружението на новинари молчи и ниту еднаш не крена глас да ги одбрани новинарите од жестоките напади. Сигурни сме дека ако на овој начин беа третирани новинарите од опозициските медиуми финансирани од СОРОС, ќе настанеше вистински хаос и ќе имаше бура од реакции.

Фактот дека ЗНМ молчи значи дека здружението под раководство на Насер Селмани оправдува насилство врз новинари.

Од друга страна, нашите колеги од опозициските медиуми кои бурно се бранат меѓу себе не покажаа ниту грам колегијалност и не застанаа во одбрана на ниту еден од новинарите нападнати во последно време.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top