Карванот на Министерството за финансии за проектот „Купи куќа, купи стан“ денеска беше во Гевгелија.Во рамки на акцијата, Мнистерството за финансии, заедно со претставниците од банките и локалните градежни компании ги појаснија процедурите за апликација при купување стан или изградба на куќа, за тоа кој може да аплицира и како да се добијат субвенции,а беше претставена и локалната понуда на станови и плацеви за куќи.
– Некој да ви плати во првите пет години 50 отсто од износот на ратата е поволност што лесно не се испушта. Верувам дека сите што ги исполнуваат условите за обезбедување на станбеното прашање, како и градежните компании и инвеститорите, ќе ги искористат понудените поволности, а ние како општина ќе се погрижиме да обезбедиме што повеќе парцели за изградба на семејни куќи и колективни станбени згради – рече градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.