Дел од медиумите денеска во знак на протест на насилствата врз медиумите организирани од СДСМ му спуштија камера на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред почетокот на прес-конференцијата. Новинарот Љупчо Златев од телевизија Сител во името на сите новинари што биле нападнати и исвиркани на Заев му го предаде Уставот на Република Македонија.
Ваквиот чекор на новинарите и камерманите доаѓа откако изминатиов период низа новинари и камермани се мета на напади од страна на опозицијата или луѓе блиски до неа.
Во текот на вчерашниот ден беа нападнати главниот и одговерен уредник на Вечер, и заменик-главен уредник на телевизија Сител, Ивона Талевска, и снимателите на телевизијата, од страна на членови и симпатизери на опозицијата кои вчера протрестираа пред Собранието. Воедно Радио Слободна Македонија беше демолирано од страна на демонстрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)