Засилен ветер и темни облаци во моментот беснеат низ главниот град. Според прогнозите на медиумите, нè очекуваат силни врнежи од дожд, проследени со грмежи и ветер.
Управата за хидрометеоролошки работи и за утре најави променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и во источните делови од земјата.
Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со силни електрични празнења и интензивен пороен дожд, а не се исклучува и можноста за изолирана појава на град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



