| четврток, 6 декември 2018 |

Младеноски: СДСМ има активирано група на насилници од навивачките групи (ВИДЕО)

Имам говорено дека ова е едно сценарио што се подготвува. Според моето мислење се работи за добро исценирано сценарио со добри фази на движење во овој процес, изјави влеравечер поранешниот генерален секретар на СДММ Михаел Младеноски во емисијата „Јади Бурек“ кај Јанко Илковски. Според Младеноски во моментов има и тоа како насилни елементи 

Mihael Mladenovski 4 (Custom)

Во кој смисла е исценирано и направено? Дали мислиш дека СДСМ има ангажирано луѓе што се поспремни? Навивачки групи? Ти нели беше нападнат од еден прилично агресивен тип кој беше дел од СДСМ?

Младеноски: Јас бев нападнат од структура на СДСМ, од Командант Коки, кој мене ме нападна за да ме спречи во изјавување на мојата политичка мисла. Во моментов СДСМ има активирано група насилници од навивачките групи, односно од навивачката група на Работнички. Не цела група, меѓутоа дел од таа група, кои се директно вработени во Општина Центар по доаѓањето на Андреј Жерновски на власт, кои се под директива на Саша Богдановиќ, кој е претседател на организацијата на СДСМ во Центар, кој и самиот има учествувано во нарушувања на јавниот ред и мир.

Што мислиш, кои беа овие што се вклучија сега? Видовме маскирани?

Младеноски: Кога некој доаѓа на протест што е мирен, а случајно ескалира, тоа не постои. Тие беа дојдени со навивачки факли, пиротехнички средства со кои беше гаѓана полицијата, тоа е напад на државата со пиротехнички средства. Беа употребени метални цевки, носеа маски какви што користат хулигани. Значи тоа е организирано сценарио, тие се дојдени со цел.

Што мислиш, кој ги организира и контролира нив?

Младеноски: Саша Богдановиќ, директор на Паркинзи на Општина Центар. Тој е во директна спрега со навивачите и со политиката. Навивачите на Работнички, групата што се нарекува „Сити парк бојс“, односно дел од таа група, која е врбувана политички да ги прави овие проблеми во Македонија и СДСМ со финансиска поддршка со вработување на дел од нив во Општина Центар, возат службени возила на Општина Центар. Истите тие ги организираат овие протести. На самите социјални мрежи на своите страници на „Фејсбук“ тие јавно објавуваат. Саша Богдановиќ има објавено клип од 5 октомври во Србија од уривањето на Милошевиќ со напис дека ова се ближи и во Република Македонија, дека стаповите се подготвени и така натаму. Тоа е директно напаѓање на државата, јавен повик од функционер на СДСМ, а воедно и државен функционер на општина Центар, кој повикува насилно да се урнат легитимно избрани институции во Република Македонија, а јас не можам да не го осудам тоа или да го премолчам како граѓанин на оваа држава. Околу аспект на тоа околу легитимноста што се збори мислам дека секој човек на слободен начин се гласа, а самите партии си имаат систем преку кој, нормално, си лобираат и дејствуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top