-На гласачкото место 1720 во општина Струмица утрово веднаш по отворањето имало прекин на гласањето поради тоа што е увидено дека постои вишок од 33 гласачки ливчиња – изјави Дарко Алексов од граѓанската асоцијација МОСТ.
Општинската изборна комисија направила увид и било констатирано дека станува збор за грешка во сериските броеви. Откако тоа било заведено во записник, гласањето продолжило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


