Премиерот Никола Груевскивечерва гостуваше во централниот дневник на „Сител“ телевизија, каде даде коментар за вчерашните протести пред Владата, за кои вели дека е очигледно дека се однапред подготвени.
– Луѓето беа дојдени подготвени. Дојдоа да ја предизвикаат полицијата да има нереди и да претстават дека полицијата го тепа народот. Полицијата дејствуваше крајно професионално. Издржа неколку часа да молчи, а беше тепана. Повредени се 38 полицајци и неколку цивили. Самата бројка кажува кој кого тепал, вели Груевски.
Груевски додава дека сосема е јасно оти вчерашниот протест бил организиран од СДСМ неколку дена порано, бидејќи во најголем дел демонстранти биле нивни активисти.
– Очигледна беше намерата на околу стотина насилници, дел од нив добро познати на полицијата, дел од нив членови на некои навивачки групи, собрани од човек задолжен за вакви работи. Тие луѓе се обидоа со насилство да влезат во Владата, сериозно ги нападнаа полицајците, кои имаа крајно сериозен пристап. Не дозволивме да исценираат дека Владата преку полицијата се однесува насилнички кон граѓаните. Тоа беше крајната цел – нестабилност, што не успеа, истакна премиерот Груевски.
Погледнете го целото интервју на премиерот во видеото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)