Издржал 2 удари со бекатон плочи, но по ударот со метална шипкаво главата паднал во безсознание. Лекарите во старата градска болница констатирале дека има потрес на мозокот. Вецерта ја поминал во одделот за Интензивна нега. Полицаецот Љупчо Велковски е еден од 38-те повредени полициски службеници во синоќешните протести пред Владата.
Велковски има 25 годишно искуство. Обезбедувал многу протести, но вели дека синоќа младината била многу агресивна.
Повредениот полицаец додека денеска да си дојде дома криел од семејството дека ноќта ја поминал во болница. Не сакал да ги вознемирува.
Во хируршката клиника св. Наум Охридски синоќа биле примени 15 повредени полицајци. Со повреди по главата и стомакот шестмина биле хоспитализирани. Од нив четворица утрото ја напуштиле болницата.
2о повредени полициски службеници биле примени во Ургентниот Центар, а еден во болницата 8-ми септември. По укажаната лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување. Во скопските болници со полесни повреди помош побарале и 4-ца граѓани кои биле на протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


