Нападнаа полицајци кои имат семејства. Сосема е јасно дека целта на Заев е дестабилизација. Ние ќе делуваме смирено, професионално, принципиелно, истакна премиерот Груевски при гостувањето во Дневникот на ТВ Сител.
Тој апелираше до граѓаните да не наседнуваат лесно на креираните материјали на Заев, како и да ја почекаат судската разрешница.
– Да порачам до граѓаните да не дозволат да се закрви народот меѓу себе. Заев е свесен дека не може по нормален пат да дојде на власт, па се обидува преку насилство, кое е карактеристично за слаб човек. Силниот човек нема потреба од насилство, бидејќи зад себе има програма, го има народот, додаде премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


