| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев си игра со чувствата на граѓаните

Премиерот Никола Груевски во вестите на „Сител“ телевизија изјави дека колку и да имаше лепени, сечени и креирани материјали на прес-конференцијата на Зоран Заев , тој не успеа да го постигне тоа што го сакаше, како и медиумите под контрола на СДСМ што не успеаја да покажат тоа што сакаа – дека МВР сакало да го прикрие убиството на Мартин Нешкоски.

Од разговорите се гледа дека во првиот момент МВР не било информирано за убиството, бидејќи никој ништо не пријавил. Се гледа дека прите часови мислеле дека се работи за шпекулација. Второ, јасно се гледа дека оној момент кога добиваат информација дека има убиство прават напори што е можно побрзо да го најдат сторителот. Подоцна истиот е најден, приведен и изнесен на Суд. Сторителот е осуден на 14 години затвор. Никаде не се гледа дека МВР сака да го прикрие убиството, туку напротив сака што побрзо да се расветли случајот. Трето се гледа дека сторителот го признал делото, но подоцна се премислил, што е обратно од тоа што го говори Заев. Напротив се гледа силна намера што побрзо да се открие сторилтелот. Се гледа загриженост, нервоза, зошто и како ова се случило. На ниту едно место нема ситуација каде некој сака нешто да прикрие од луѓето кои се на клучни позиции. Така што мислам дека повторно Заев отиде на онаа варијанта да луѓето ги заведе со својот вовед, кој е застрашувачки и води во друга насока, истакна Груевски.

Премиерот додаде кога станува збор за воведот на Заев се работи за сериозна манипулација на чувствата на граѓаните со цел да се предизвика нервоза.

Потполно е неточно дека сме сакале да прикриеме убиство, додава Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top