Платениците на СОРОС и најгласни поддржувачи на СДСМ и денеска се во првите редови на протестите кои околу 18 часот почнаа пред зградата на Владата на РМ.
Активистката Мирјана Најческа, Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, братучедот на Радмила Шекеринска, беа првите кои пристигнаа на протестите.
Но, челниците на СДСМ исто така беа во толпата на протестот за кои тврдеа дека не е партиски организиран. Целиот врв на опозицијата протестира, освен човекот чие сценарио почна да се исполнува за насилство на улиците.
Заменичката на Зоран Заев, Шекеринска, генералниот секретар на СДСМ- Оливер Спасовски, портпаролот на Заев- Петре Шилегов им дадоа поддршка на насилните протестанти и со нив парадираа низ улиците во Центар.
Друштво им прави и уредничката на Фокус, Јадранка Костова.
Жарко Пачемски, поранешниот снимател на Телма, а сега вработен во кабинетот на Андреј Жерновски, исто така застана во првите редови спротивставувајќи им се на полицајците.
Водителот на 24Вести, Огнен Јаневски, кој вчера со себе носеше и малолетно дете, и денес присуствува на протестите за кои стана јасно дека се организирани од СДСМ и СОРОС.
Протестира и Љуми Бекири кој беше предводник на Студентскиот пленум исто така потикнат од СДСМ, а платеник на СОРОС.
За потсетување пулените на СДСМ и СОРОС и вчера беа дел од насилните протести кога со камења, бекатон плочки, стаклени шишиња и метални шипки беа нападнати и повредени полициски службеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.