Без вода утре од 9:30 часот ќе останат корисниците на потег помеѓу хотелот Холидеј Ин и Камениот Мост во општина Центар.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради давање на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф – 150 мм на улицата „Кеј 13 Ноември“ во општина Центар а прекинот ќе биде се до завршување на интервенцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.