| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос по сараевските улици – ја фатил со друг во автомобилот кој ѝ го поклонил

auto_yt_06052015

Љубоморно момче од Сараево предизвикало вистински хаос во понеделникот, кога на улиците низ градот побудалено ја бркал својата девојка, која пак претходно ја фатил како го изневерува.

Како што пренесува „Дневни аваз“, Мухамед Б. ја фатил неговата девојка Санела среде сексуален чин со друг маж во нејзиниот автомобил. За работите да бидат потрагични, тоа било „ауди“ кое Мухамед ѝ го купил.

По ова, тој со својот автомобил почнал луто да ги брка низ сараевските улици, при што оштетил неколку автомобили. Љубовниците успеале да избегаат кога Мухамед бил пресечен од полициски возила.

На распитот во полиција, тој изјавил дека тргнал кај девојката откако не можел да ја добие на телефон, па бил загрижен.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за нанесување на материјална штета и загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top