| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ја повикавме мајката на Нешковски на средба, демонстрантите го спречија тоа

nesovski

Премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска донеле одлука да се сретнат со мајката и братот на починатиот Мартин Нешкоски, откако вчера семејството побара средба во Владата на Република Македонија.

Министерката Јанкулоска веднаш издаде наредба до командирот на полицијата да ја отвори заштитната ограда за да може во Владата да влезе мајката на Нешкоски. Но, тоа веднаш беше злоупотребено. Толпа народ сакаше да влезе и тоа не можеше да се реализира – изјави денес премиерот во вестите на „Канал 5“.

Вториот проблем кој премиерот го посочи е фактот што мајката на Нешковски побарала на таа средба да присуствуваат и медиуми, активисти и протестанти.

Според Груевски, тоа укажува на други намери и ако мајката навистина сакала да разговара со него или со Јанкулоска немало потреба од присуство на останатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top