| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме во Австрија

poplavi_avstrija

Делови од австриската покраина Долна Австрија во текот на ноќта беа погодени од невреме проследено со силни врнежи кои поплавија бројни улици и подруми.

Во акцијата за помош на граѓаните, учествувале повеќе од илјада полицајци, а околу 2 часот по полноќ биле активирани сирените за случај на опасност.

Поради обилните дождови, на одредени места дошло до лизгање земјиштето. Граѓаните поставувале вреќи со песок за да спречат поплави. Голем број граѓани биле евакуирани од домовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top