Во просториите на Сале д’Арми во престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција, на 7 мај 2015 година (четврток), свечено ќе биде инаугуриран Павилјонот на Република Македонија. Официјални претставници на Република Македонија на 56. Венециско биенале се Христина Иваноска и Јане Чаловски со проектот „Ние сите сме сами во ова”.
Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ ќе се обрати на свеченото отворање на Павилјонот на Македонија на една од најстарите и најпрестижни европски манифестации, која за јавноста ќе биде отворена од 9 мај до 22 ноември.
Комесар на овој мултидисциплинарен ликовен зафат е Националната галерија на Македонија, куратор е Башак Шенова од Турција, а заменик-куратор Маја Чанкуловска-Михајловска.
Биеналето во Венеција е од големо значење за промоција на македонската култура и уметност пред земјите-учеснички од целиот свет, како и можност да се укаже на разновидноста на уметничките позиции, репрезентативните потенцијали и значењето на работата на македонските автори кои дејствуваат на нашата и на интернационалната уметничка сцена.
Република Македонија досега има остварено девет претставувања на Венециското биенале започнувајќи од 1993 година со проектот на авторите Петре Николовски и Глигор Стефанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во живо од Венеција: Градот е под вода, ама буквално, се е поплавено, водата е до струк и уште надоаѓа!
-
Звучните уметници Тони Димитров и Мартин Георгиевски на првото Биенале на западен Балкан
-
Пожар во познатата опера „Ла Фениче“ во Венеција
-
Македонија на Венециското биенале со „Ослободување на просторот“



