| четврток, 6 декември 2018 |

Црногорскиот навивач кој го повреди Акинфеев сега му праќа подарок

akinfeev

Лука Лазаревиќ е навивачот на Црна Гора кој го повреди голманот на Русија Игор Акинфеев фрлајќи факел на теренот. Тој го погоди голманот директно во глава нанесувајќи му тешки изгореници на главата и вратот.
За тој потег Лазаревиќ е осуден на 3,5 месеци затвор и парична казна од 750 евра. По издржувањето на казната тој му прати подарок на Акинфеев во знак на извинување за инцидентот што се случи во март на квалификацискиот меч меѓу Црна Гора и Русија.

podarok 1

Станува збор за часовник со мотиви од манастирот Острог во Црна Гора. Подарокот е испратен преку поранешниот играч на ЦСКА Москва, а сега директор на детскиот фудбалски клуб Торнадо од Будва, Алексеј Трипутен.

podarok

На спомнатиот натпревар, Акинфеев мораше да мине една ноќ помина во болница, а докторите тврдат дека малку недостасувало да има потешки последици.

Во Будва пред три дена е одигран пријателски аматерски натпревар меѓу Црна Гора и Русија кој го добија домаќините со 5-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top