| четврток, 6 декември 2018 |

Брега: Во кого да пукам? Татко ми е Хрват, мајка ми Србинка, жена ми муслиманка

578488_bregovic-tanjug_ff

По забраната за настапи и концерти во Украина и во Полска, само затоа што настапил на Крим, Горан Бреговиќ изјави дека неговата музика не му служеше на политиката во времето кога тоа било тешко да се избегне, а нема ни денес.

Ги сакам и Украина и Русија. Свирев во Украина кога победи Портокаловата револуција, баш на тој ист плоштад Мајдан. Жал ми е, бидејќи сакав да бидам амбасадор на тој фестивал – изјави Бреговиќ.

Брега даде споредба со војната на просторите на бивша Југославија.

Како во нашата војна, во кого да пукам? Мојот татко е од Загорје. Католик, Хрват. Мојата мајка е Србинка од Вировитица. Мојата жена е муслиманка. Во кого да ја вперам пушката? Така и во таа војна. Немам зошто да ги мразам ни Украинците, ни Русите, тоа ми е невозможно – изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top