Најбогатиот Aфриканец Нигериецот Алико Данготе повторно има желба да го купи Аренал. Тој истото се обиде да го стори во 2010 година кога не успеа во своите намери. Големиот навивач на лондонскиот тим се проценува дека „тежи“ околу 16 милијарди евра и најавува дека тимот би имал големи успеси.
– Имам интерес за купување на мнозинскиот пакет акции од Арсенал, што никогаш не сум го криел. Имав таков обид пред пет години, но не успеав во тоа. Сега имам поголемо искуство и секако дека би инвестирал, но само доколку добијам можност да го купам клубот за неговата вистинска вредност – изјави Данготе.
Според британските медиуми, моментната вредност на Арсенал е проценета на околу 988 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


