| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска во позадина на насилните протести (видео)

rinska

Откако првично ги координирала партиските протести од едно кафуле во близина на Владата, заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска отишла на лице место да има надзор врз работите и одвивањето на протестот, покажува ова видео кое се појави на социјалните мрежи – објави Курир.

Присуството на Шекеронска според нив потврдува дека токму СДСМ и највисокото раководство на опозициската партија управува со насилните протести пред Владата, чија цел е насилно и недемократско рушење на институциите.

Епилогот од вчерашните насилни партиски протести е повредени 30-тина полицајци и четворица цивили, демолирани полициски автомобили и запалени контејнери по ескалацијата на состојбата. Во тек на протестот демонстрантите фрлаа најразлични предмети и се обидуваа да влезат во Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top