Пакистанските власти соопштија дека заплениле три тони хашиш наменет за земјите во Заливот во една од најголемите операции во земјата. Дрогата проценета на 50 милиони долари била скриена во затворени кабини на танкер во Пасна, крајбрежен град во покраината Балучистан, изјави портпаролот на пакистанската крајбрежна стража Зафар Ахмед.
Властите уапсија тројца мажи поврзани со запленетата дрога, додека за еден од нив се верува дека е најбараниот шверцер во земјата, изјави портпаролот, без да го објави идентитетот на уапсените. Полицијата специјализирана за борба против шверц на дрога спроведува операции во поголемите пакистански градови, аеродроми и пристаништето Карачи, низ кои минува дел од опијатите произведени во Авганистан наменети за извоз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.