Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК) до 13 часот правото на глас го искористиле 589 952 гласачи или 35,01 проценти од вкупниот број гласачи. Овој број се однесува на податоците обработени од 2 852 гласачки места или од 95,83 проценти од вкупниот број на изборните единици. Споредено со 2009 година, процентот на излезенот годинава е речиси десет проценти поголема. Тогаш до 13 часот излегле 26,25 проценти од гласачите – 404. 214 гласачи.
Вевчани 32,4 проценти во 2009 година, 60,52 во 2013 година.
Кичево 27,79 проценти во 2009 година, 52,64 проценти годинава.
Скопје 24,06 проценти во 2009 година.
Струга 23, 48 проценти, 32,77 проценти во 2013 година.
Карпош 27, 23 проценти, 34,47 проценти до 13 часот денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


