| четврток, 6 декември 2018 |

 Бла­ги­ца Се­ку­ло­ска, дра­ма­тург: „Без­љуб­ни“ е крик за љу­бов

Дра­ма­та е при­каз­на за пет ли­ка - Ви­стин­ска­та, Ви­стин­ски­от, По­греш­на­та, По­греш­ни­от и Љу­бов­ни­кот, кои ста­ну­ва­ат за­лож­ни­ци на са­ми­те се­бе, за­лож­ни­ци на одре­ку­ва­ње­то од единс­тве­на­та бит­на ра­бо­та – љу­бо­вта, об­јас­ну­ва Се­ку­ло­ска

Третата пре­ми­е­ра оваа го­ди­на во Драм­ски те­а­тар е тек­стот на дра­ма­тур­гот Бла­ги­ца Се­ку­ло­ска „Без­љуб­ни“, чи­ја­што пре­ми­е­ра е на 6 мај. Овој текст бе­ше на­гра­ден на кон­кур­сот на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар (МНТ) пред че­ти­ри го­ди­ни. По­че­то­кот на го­ди­на­ва за Се­ку­ло­ска ве­ту­ва мно­гу, со ог­лед на тоа де­ка таа се вра­бо­ти во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја, во Драм­ски се ра­бо­ти пра­из­вед­ба­та на „Без­љуб­ни“, а во ме­ѓу­вре­ме мно­гу дру­ги ра­бо­ти ја пре­о­ку­пи­ра­ат Се­ку­ло­ска – пи­шу­ва по­е­зи­ја, про­за, драм­ски тек­сто­ви за де­ца, ра­бо­ти ка­ко јо­га-ин­стру­ктор, истра­жу­ва, ужи­ва. 

Во Драм­ски те­а­тар се ра­бо­ти пра­из­вед­ба­та на „Без­љуб­ни“. Пре­ми­е­ра­та е нај­а­ве­на за 6 мај. За што се ра­бо­ти во прет­ста­ва­та?

СЕ­КУ­ЛО­СКА: „Без­љуб­ни“ е при­каз­на за љу­бо­вта и за неј­зи­но­то отсус­тво. При­каз­на за овој опред­ме­тен свет во кој ѝ се ро­бу­ва на ма­те­ри­ја­та, за не­на­сит­но­ста, за жел­ба­та да се би­де ма­те­ри­јал­но бо­гат, за­бо­ра­вај­ќи да се би­де до­бар, за лу­ѓе­то кои ка­ко мрзливци ја пре­пол­ну­ва­ат сво­ја­та уста со хра­на и пак не им е до­ста, за тр­ка­ло­то во кое се вр­тат, а не гле­да­ат де­ка ни­ка­де не стиг­ну­ва­ат. „Без­љуб­ни“ е при­каз­на за пет ли­ка – Ви­стин­ска­та, Ви­стин­ски­от, По­греш­на­та, По­греш­ни­от и Љу­бов­ни­кот, кои ста­ну­ва­ат за­лож­ни­ци на са­ми­те се­бе, за­лож­ни­ци на одре­ку­ва­ње­то од единс­тве­на­та бит­на ра­бо­та – љу­бо­вта. За­тек­на­ти во сво­и­те ла­ги, за­тек­на­ти во ко­мот­но­ста на при­ви­дот, оту­ѓе­ни, отру­е­ни од горч­ли­во­ста на нив­ни­те ло­ши из­бо­ри, тие трг­ну­ва­ат по раз­реш­ни­ца на та­ква­та по­зи­ци­ја. Во таа пар­ти­ја шах, не­кои ќе за­гу­бат гла­ва, не­кои ќе до­би­јат пред­ност, но на кра­јот љу­бо­вта е таа ко­ја на си­те ќе им го за­да­де шах-ма­тот. „Без­љуб­ни“ е мо­јот од­го­вор на овој ис­праз­нет од вред­ност свет, од­го­вор на не­сог­ла­су­ва­ње и не­по­ми­ру­ва­ње и крик за ви­сти­на, крик за љу­бов – за­што и сѐ да имаш, ако не­маш љу­бов – ни­што не си. Она што ме­не ми е осо­бе­но зна­чај­но е што, ко­неч­но, ја имам мож­но­ста да  би­дам дел од соз­да­ва­ње на ед­на  прет­ста­ва, таа при­ви­ле­ги­ја да би­деш дел од еден ал­хе­ми­ски про­цес, во кој си стиг­нал од ни­во на мис­ла во тво­ја­та гла­ва, па мис­ла­та си ја пре­то­чил во збор, па збо­рот ста­нал дра­ма, па таа хар­ти­ја ви­де­на низ ре­жи­сер­ска приз­ма, се­га ожи­ву­ва низ гла­сот, дви­же­ње­то на акте­ри­те. Ме­та­фи­зич­ки про­цес кој про­сто ме оду­ше­ву­ва и за кој сум бе­скрај­но бла­го­дар­на што мо­жам да го по­све­до­чам. Во­ед­но са­кам да им заб­ла­го­да­рам на Ро­берт Ве­ља­нов­ски, на Ру­бенс Му­ра­тов­ски и на Драм­ски те­а­тар што ми ја пру­жи­ја таа шан­са. И, се­ка­ко, огром­на бла­го­дар­ност за ре­жи­се­рот Зла­тко Сла­вен­ски, кој ус­пеа хар­ти­ја­та да ја ожи­вее во прет­ста­ва, а акте­ри­те Ди­ми­три­ја До­ксев­ски, На­та­ша Пе­тро­виќ, Са­ња Ар­сов­ска, Але­ксан­дар Сте­па­ну­ле­ски и Зла­тко Ми­тре­ски ус­пе­а­ја на збо­ро­ви­те да им да­дат и фор­ма, и изг­лед, и ду­ша. Фа­ла ви, сла­ва ви!

blagica 5 (Custom) (2)

Она што ме­не ми е осо­бе­но зна­чај­но е што, ко­неч­но, ја имам мож­но­ста да би­дам дел од соз­да­ва­ње на ед­на прет­ста­ва

 

Од не­о­дам­на сте вра­бо­те­на во Те­а­тар Ко­ме­ди­ја ка­ко дра­ма­тург иа­ко дип­ло­ми­ра­вте пред по­ве­ќе од 10 го­ди­ни. Што зна­чи вра­бо­ту­ва­ње­то на дра­ма­тург во еден те­а­тар, со ог­лед на тоа де­ка не­кои од те­а­три­те прв­пат по 30 го­ди­ни вра­бо­ти­ја дра­ма­тур­зи?

СЕ­КУ­ЛО­СКА: Тоа зна­чи де­ка ед­на це­ла ни­за про­фи­ли­ран ка­дар, кој со го­ди­ни бе­ше шу­ткан на­ва­му-на­та­му, кој мо­ра­ше да се за­ни­ма­ва со сѐ, са­мо не со сво­ја­та про­фе­си­ја, ко­неч­но си го нај­де сво­е­то ме­сто – те­а­та­рот. Тоа зна­чи де­ка се­га и те­а­три­те ќе мо­жат по­до­бро да ра­бо­тат за­тоа што се­га има­ат лу­ѓе кои не­до­сти­гаа на клуч­ни­те по­зи­ции, а тоа ми да­ва вер­ба за уште по­го­лем ус­пех на те­а­та­рот во­оп­што, се­га за­си­лен со све­жа и но­ва (крв) енер­ги­ја.

Пи­шу­ва­те и драм­ски тек­сто­ви за де­ца, рас­ка­зи, по­е­зи­ја. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за тоа?

СЕ­КУ­ЛО­СКА: Бла­же Ко­не­ски ре­кол по­ри­вот не пра­шу­ва за смис­ла, а јас се сог­ла­су­вам со тоа. Пи­шу­вам за­тоа што тоа за ме­не е единс­тве­но­то вред­но – ужи­вам до­де­ка од збо­ро­ви гра­дам ку­ли и за­мо­ци, на крил­ја­та на збо­ро­ви­те па­ту­вам низ все­ле­на­та, од збо­ро­ви цр­там све­то­ви вол­шеб­ни. Збо­рот е ма­ги­ја, збо­рот е све­тост, збо­рот е моќ, збо­рот оста­ну­ва и ко­га гла­сот ќе го сне­ма. И си­гур­но ко­га про­мис­ла­та де­ле­ла играч­ки, јас збо­ро­ви­те сум си ги од­бра­ла или тие ме од­бра­ле, ка­ко и да е, ние ужи­ва­ме се­ко­гаш ко­га си игра­ме. А што се од­не­су­ва до фор­ма­та – да, го на­пи­шав дет­ски­от текст „Љу­бов или при­ја­телс­тво“, оваа го­ди­на ќе из­ле­зе и збир­ка­та „Сти­хо­ра­ска­жу­вал­ка“ во из­да­ние на „Бле­сок“ – ком­би­на­ци­ја од про­за и по­е­зи­ја. Пи­шу­вам и дра­ми и ко­ме­дии, и, да би­дам искре­на, по­дед­на­кво ужи­вам ко­га низ раз­лич­ни фор­ми соз­да­вам збо­ро­све­ти.

Со го­ди­ни ра­бо­ти­те ка­ко ин­стру­ктор по јо­га. На што ги учи­те Ва­ши­те по­се­ти­те­ли на кур­сот?

СЕ­КУ­ЛО­СКА: Са­ми­от збор јо­га зна­чи единс­тво – уни­ја ме­ѓу јас и јас. Јо­га­та е пат по кој трг­ну­ваш за да се пре­срет­неш се­бе, пат на кој учиш свес­но да ди­шеш, јо­га­та е свес­ност и буд­ност, јо­га­та е пог­лед нав­на­тре на­ме­сто на­над­вор, јо­га­та е ала­тка за да го ви­диш во се­бе ми­рот, ба­лан­сот, по­тен­ци­ја­лот. Јо­га­та те учи ни­ко­гаш да не се отка­жу­ваш, но се­ко­гаш да зна­еш ко­га да пу­штиш. Јо­га­та е мо­ја љу­бов и не сум си­гур­на да­ли е ви­стин­ски тер­ми­нот де­ка не­ко­го учам не­што, ту­ку ед­но­став­но јас таа љу­бов са­мо ја спо­де­лу­вам.

blagica 4 (Custom)

Јо­га­та те учи ни­ко­гаш да не се отка­жу­ваш, но се­ко­гаш да зна­еш ко­га да пу­штиш

 

Бе­вте и во Ин­ди­ја, со ка­кви искус­тва се вра­ти­вте от­та­му и да­ли не­што на­у­чи­вте, не­што што до­се­га не го зна­е­вте или, пак, откри­вте не­што што ве­ќе го но­се­вте во се­бе?

СЕ­КУ­ЛО­СКА: Ин­ди­ја ме на­у­чи мно­гу ра­бо­ти, пр­во ми го пре­кр­ши се­то тоа што го имав на­у­че­но за­тоа што та­му не ва­жат ов­деш­ни­те пра­ви­ла – ни за во­зе­ње, ни за чи­сто­та, ни за хра­на, ни за фи­зи­ка (се уве­рив мно­гу­крат­но де­ка со­би­ра маж, же­на, две де­ца и ко­за на мо­тор – без проб­лем). Ин­ди­ја пр­во ме на­че­ка не­под­го­тве­на, пол­на пре­дра­су­ди, пол­на стра­во­ви, пол­на от­пор кон не­поз­на­то­то, ама на бра­нот или ќе му се спро­тив­ста­ву­ваш, а та­ка са­мо ќе си стег­нат/крш­лив или ќе омек­неш/ќе се пре­да­деш и ќе пу­штиш да те од­не­се ужи­вај­ќи во во­зе­ње­то, а не мис­леј­ќи за цел­та на при­стиг­ну­ва­ње­то. Ин­ди­ја ме на­у­чи да го це­нам тоа што го имам, а го зе­мам здра­во за го­то­во, Ин­ди­ја ми откри де­ло­ви од се­бе кои не сум ни зна­е­ла де­ка ги по­се­ду­вам, Ин­ди­ја ми откри ед­на со­се­ма не­за­мис­ли­ва при­каз­на, во ко­ја ужи­вав. Ин­ди­ја ме на­те­ра, и по­крај се­та неј­зи­на си­ро­ма­шти­ја (гр­до­ти­ја) на прв пог­лед, без­ус­лов­но да ја за­са­кам.

Освен пре­ми­е­ра­та на „Без­љуб­ни“, што дру­го Ве пре­о­ку­пи­ра во овој пер­и­од?

СЕ­КУ­ЛО­СКА: Сон­це­то, про­ше­тки­те бо­са по­крај Вар­дар со мо­е­то ку­че, дру­же­ње­то со мо­и­те при­ја­те­ли, мо­е­то се­мејс­тво, уба­ви­те фил­мо­ви, уба­ви­те кни­ги, љу­бо­вта, јо­га­та, бла­го­дар­но­ста што сум ов­де и се­га, тоа е она што ме пре­о­ку­пи­ра. А на про­фе­си­о­на­лен план – дел сум од про­е­ктот „Се­дум“ (Seven). Jас сум за­дол­же­на во овој ме­ѓу­на­род­но приз­нат и поз­нат про­ект да ја прет­ста­ву­вам Ма­ке­до­ни­ја. Пи­шу­вам и но­ва ко­ме­ди­ја, пи­шу­вам и но­ви пес­ни и но­ви рас­ка­зи. А нај­важ­но од сѐ, на се­кој здив што го вди­шу­вам, му се ра­ду­вам најм­но­гу од сѐ.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top