| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на годинава се очекува Полска да ја напуштат 1,3 милион луѓе

полска

До крајот на годинава се очекува Полска да ја напуштат 1,3 милион луѓе, што би било рекорд во миграцијата од таа источноевропска држава. Со тоа, бројот на жители на Полска што се иселиле во последно време би бил дури три милиони, јавуваат локални медиуми.

Според истражување на дневниот весник „Метро“, главна цел на имигрантите е Велика Британија. Таму веќе живеат 642.000 Полјаци, кои почнаа да се доселуваат пред десетина години во време на влегување на Полска во ЕУ во потрага по работа и поголема заработувачка.

Поради одливот на млада квалификувана сила, се случува во некои места во Полска да не остане ниту еден мајстор во некои професии.

Во анкета на „Ворк сервис“, дури 63 отсто испитаници кои се изјасниле дека во следната година планираат да ја напуштат државата биле помлади од 35 години.

Од вкупниот број анкетирани, 78 отсто навеле дека главна цел им е поголема заработувачка.

Според резултатите од анкетата, државата во најголем број ја напуштаат инженери, лекари, медицински сестри и негователки кои се грижат за стари лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top