| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнуваат првите гости од Бенелукс во Охрид

Ohrid

Со чартер-лет од Амстердам денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ треба да пристигне првата група туристи од државите на Бенелукс, кои летниот одмор ќе го минат на охридската ривиера, јави МИА.

Станува збор за туристи што ќе летуваат тука преку аранжманите што ги нуди тур-операторот „Корендон“, заедно со нивниот македонски партнер „Фибула травел“.

Според најавите на домашните ин-каминг агенции, на 10 мај во Охрид ќе треба да пристигне и првата група туристи од Бенелукс преку аранжманите на туроператорот „ТУИ Аркетравел“.

Инаку, податоците на туроператорите за летувањето во сезоната 2015 година укажуваат на  зголемување на интересот за летувањата во Македонија, со зголемена продажба на аранжманите за Охрид за некаде 30 проценти, во споредба со истиот период минатата година.

Предвидено е оваа сезона двата тур-оператори да оперираат со по три лартер-лета седмично, но со отворена можност да се воведат и четврти летови на двата тур-оператори доколку се задржи високиот интерес на туристите од тој дел на Европа за летување во Македонија.

Последните туристи од земјите на Бенелукс ќе заминат од Македонија некаде кон средината на октомври. Процените на „Корендон“ и на ТУИ се дека во текот на летната сезона 2015 година на охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат некаде околу 25.000 туристи од Холандија, Белгија и од Луксембург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top