| четврток, 6 декември 2018 |

Диетски производ опасен по живот се продава и во Македонија

2014820115347

„Интерпол“ денеска објави светска тревога поради 2,4 динитрофенол (DNP) препарат кој се користи како диетски производ и за зголемување на мускулната маса.
Мрежата за полициска соработка се реши на ваков чекор откако  една жена почина во Велика Британија, а еден француски државјанин е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Овој препарат најчесто се наоѓа во продажба во облик на жолт прав или капсула. Ризиците поврзани со неговото користење се се поголем и поради стартот на неговото илегално производство во домашни лаборатории.
Тревога од претпоследна, портокалова фаза е објавена во 190 земји членки на Интерпол, меѓу кои и Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top