Бранко Црвенковски вели дека Зоран Верушевски, првоосомничениот за случајот „Пуч“ е голем професионалец и стручњак.
Поранешниот премиер и шеф на државата Црвенковски, при вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизијата „Телма“ изјави дека Верушевски бил голем експерт.
-Јас го знам него, сум соработувал по службена линија, мислам дека се работи за добар професионалец, за голем експерт, стрчњак, кој што никогаш не бил инволвиран во партиски или политички води – рече Црвенковски во „Топ тема“.
Наспроти ваквите тврдења на Црвенковски, има две признанија кои укажуваат дека Верушевски бил дел од мрежа која соработувала со странски служби за кодошење на државниот врв, еден од креаторите на антидржавното сценарио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.