| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил удри во две деца од тетовско Доброште

lenta-policija500

Две деца, девојче од осум години и момче на седумгодишна возраст, од тетовското село Доброште, се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска околу 12 часот и 20 минути на регионалниот пат Тетово- Јажинце.

Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, до несреќата дошло откако врз децата кои оделе пешки налетал и ги удрил автомобил „Голф“ со тетовски регистарски таблички што го управувал Ф.А. (32) од селото Одри. Девојчето се здобило се тешка телесна повреда – скршеница на левата подлактица и по укажаната помош во тетовската клиничка болница е упатено на скопските клиники, додека момчето по укажаната помош во тетовската болница е пуштено на домашно лекување.

Според првичните податоци, причина за несреќата е пребрзо возење на автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top