Катар и Франција денеска во присуство на францускиот претседател Франсоа Оланд и на катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад ал Тани потпишаа договор за продажба на 24 француски ловци „рафал“.
Зделката во вредност од 6,3 милијарди евра беше потпишана од генералниот директор на „Дасо авиасион“ Ерик Трапие и од генералот Ахмед ал Малки, кој ги раководеше преговорите за купување од катарска страна.
Посебен доовор беше потпишан од Малки и Антоан Бувие, генерален директор на европскиот производител на ракетни системи Ем-Би-Ди-Еј, кој му доставува оружје на „Рафал“.
– Добар избор – беа зборовите на Оланд упатени кон катарскиот генерал на церемонијата на потпишувањето.
Договорот вклучува и договор на меѓувладино ниво за обука на 36 пилоти и стотина механичари, како и обука на разузнавачи. Овој поддоговор беше потпишен од францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан и катарскиот министер за одбрана Хамад бен Али ал Атија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.