Ксенофобијата претставува една од најголемите опасности за цела Европа, предупреди денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу за време на свеченоста во германскиот град Диселдорф по повод отворањето на новиот турски конзулат.
Говорот на Давутоглу му овозможи и да ја привлече поддршката меѓу Турците што живеат во странство пред одржувањето на парламентарните избори во Турција на 7 јуни.
Тој нагласи дека е исклучително важно „сите ние да живееме заедно независно од верата“, додавајќи дека е загрижен поради зголемената исламофобија на стариот континент.
Турскиот премиер освен тоа потсети дека врските меѓу Турција и Германија се силни поради миграцијата на Турците кон оваа земја. Давутоглу ги повика граѓаните со турско потекло во Германија да го зачуваат својот идентитет и да се интегрираат во германското општество, но не и да се асимилираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Давутоглу: Овој напад нема да успее, голем дел од војската е со Ердоган!
-
Ксенофобија во црвена зона: Ако балканските земји влезат во ЕУ, ќе ни дојдат убијци, терористи, киднапери
-
Давутоглу пред Меркел и Туск: Укинување на визите за договорот да биде целосен
-
Баба ми гласала за Хитлер. Кога ќе го видам Трамп, не ме чуди