| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу пред Меркел и Туск: Укинување на визите за договорот да биде целосен

dautoglu merkelТурскиот премиер Ахмет Давутоглу посочи дека договорот ЕУ- Турција за реадмисија на мигрантите, нема да биде спроведен во целост ако на турските државјани не им бидат укинати визите за ЕУ.

Визната либерализација е клучна, посочи Давутоглу за време на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел и првиот човек на Европскиот Совет, Доналд Туск, на Турција.

Меркел пак истакна дека се залага за „зони на примирје“ во Сирија на граница со Турција, каде бегалците ќе може да се сместат. Таа прецизира дека таму ќе мора да биде гарантирано високо ниво на безбедност.

Туск се задржа на милијардата евра кои ЕУ ќе ги издвои ова лето за проекти за подобрување на животот на бегалците. Притоа, на заедничката прес- конференција во Газијантеп тој ја пофали Турција како најдобар пример за тоа како се однесува кон бегалците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top