И последниот автобус со македонски туристи се врати од Истанбул. Преморени и нервозни, патниците од турата на „Јупитер“, по повеќе од 30 часа неизвесност, нестрпливо се упатија кон своите домови.
Велат, од туристичката агенција ниту добиле ниту, пак, сакаат „извини“. За директорот, сопственикот и агенцијата ќе поднесат групна тужба.
Примамливите и ниски цени на аранжманите за тридневен викенд во Истанбул привлекоа многу македонски туристи. По скандалот со одземените пасоши, страницата за е-купување „Групер“, преку која најчесто беа продавани овие зделки, ги отстрани сите понуди од „Јупитер“.
Во текот на денот ќе се знае што ќе се случува со сите што уплатиле аранжмани за следните тури.
Ова не е првпат патници револтирано да се вратат дома по патување со агенцијата „Јупитер“. Превисоките цени на дополнителните активности, неорганизираноста, доцнењето, лошото сместување и превоз се само дел од поплаките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Адеми на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул