| четврток, 6 декември 2018 |

Српски орел и португалски змеj e добитна комбинациjа за висок лет на Македониjа

Срп­ски­от стра­тег зра­чи со оп­ти­ми­зам, има по­ткре­па за врв­ни де­ла во од­лич­на­та играч­ка ка­ри­е­ра, а и пр­ва­та ра­бо­та на ва­ква по­зи­ци­ја, ка­ко се­ле­ктор на Ср­би­ја за игра­чи до 19 го­ди­ни, бе­ше бле­ска­ва. Пред две го­ди­ни во Ли­тва­ни­ја, 46-го­диш­ни­от Дру­ло­виќ ја пред­во­де­ше сво­ја­та се­лек­ци­ја до европ­ска­та кру­на со три­умф од 1-0 про­тив Фран­ци­ја во фи­нал­ни­от меч. Срп­ски­от „орел“ и „змеј“ од Пор­то спо­ред од­лу­ка­та на чел­ни­ци­те на ФФМ е до­бит­на ком­би­на­ци­ја за ви­сок лет на ма­ке­дон­ска­та фуд­бал­ска ре­пре­зен­та­ци­ја

Љу­бин­ко Дру­ло­виќ ќе ја пред­во­ди ма­ке­дон­ска­та фуд­бал­ска ре­пре­зен­та­ци­ја во след­ни­те две и пол го­ди­ни во обид да се на­пра­ви че­кор и со на­деж де­ка е мо­жен под­виг и на­стап на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње. Во спе­ци­фи­чен мо­мент, не­ко­гаш­на­та фуд­бал­ска ѕвез­да на Пор­то го пре­зе­де кор­ми­ло­то на Ма­ке­до­ни­ја, се­лек­ци­ја што е прет­пос­лед­на, со три бо­да во гру­па­та Ц од ква­ли­фи­ка­ци­и­те за плас­ман на ЕП во Фран­ци­ја в го­ди­на. Мно­гу­ми­на се скеп­ти­ци и за име­ну­ва­ње­то на Дру­ло­виќ за нов се­ле­ктор и за на­ши­те фуд­бал­ски ам­би­ции да се про­би­е­ме до ели­та­та и до исто­ри­ски на­стап на не­кое го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње. Но, Љу­бин­ко зра­чи со оп­ти­ми­зам, има по­ткре­па за врв­ни де­ла во од­лич­на­та играч­ка ка­ри­е­ра, а и пр­ва­та ра­бо­та на ва­ква по­зи­ци­ја, ка­ко се­ле­ктор на Ср­би­ја за игра­чи до 19 го­ди­ни, бе­ше бле­ска­ва. Пред две го­ди­ни во Ли­тва­ни­ја 46-го­диш­ни­от Дру­ло­виќ ја пред­во­де­ше сво­ја­та се­лек­ци­ја до европ­ска­та кру­на со три­умф од 1-0 про­тив Фран­ци­ја во фи­нал­ни­от меч. Срп­ски­от „орел“ и „змеј“ од Пор­то спо­ред од­лу­ка­та на чел­ни­ци­те на ФФМ е до­бит­на ком­би­на­ци­ја за ви­сок лет на ма­ке­дон­ска­та фуд­бал­ска ре­пре­зен­та­ци­ја.

 

Ljubinko-Drulovic-int139-5

 

Игра­ше за два­та ги­ган­та на пор­ту­гал­ски­от фуд­бал, Пор­то и Бен­фи­ка, та­му ја до­би и ли­цен­ца­та за тре­нер. Ќе има ли пор­ту­гал­ски шмек во игра­та на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја?
Друловиќ: Пред сѐ, тоа и го са­кам. Да зна­е­ме да игра­ме на ре­зул­тат. Не­ко­гаш и ко­га игра­те пос­ла­бо, да зна­е­те што ви е цел­та, да оди­гра­те на ре­зул­тат. Не­воз­мож­но е се­ко­гаш да игра­те до­бро. И врв­ни клу­бо­ви ка­ко мо­јот Пор­то при­ма­ат по шест го­ла, па про­дол­жу­ва­ат по­на­та­му. Ме­не пор­ту­гал­ски­от стил на игра, на од­не­су­ва­ње и на ра­бо­та, ме де­фи­ни­ра и ка­ко играч и ка­ко тре­нер и најм­но­гу ме прив­ле­ку­ва. Од­но­сот кон фуд­ба­лот кај нив е за по­чит. Има­ат ед­на уба­ва изре­ка и ве­лат „ка­жи ми ка­ко тре­ни­раш, за да ти ка­жам ка­ко играш“. Ед­но­став­но, да­ва­ат ма­кси­мум и на тре­нинг и на нат­пре­ва­ри и за­тоа има­ат сил­ни клу­бо­ви и од­лич­на ре­пре­зен­та­ци­ја. Тој мо­дел ми се до­па­ѓа и ќе се оби­дам да го при­ме­нам и во ра­бо­та­та со ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. Се на­де­вам де­ка ќе ја про­дол­жам ни­за­та ус­пе­си и ка­ко тре­нер, слич­но ка­ко мо­и­те со­и­гра­чи од ка­ли­ба­рот на Па­о­ло Бен­то, Па­о­ло Со­у­за, Зла­тко За­хо­виќ… Зна­е­те де­ка Бен­то до не­о­дам­на бе­ше се­ле­ктор на Пор­ту­га­ли­ја, Со­у­за е тре­нер на Ба­зел, а За­хо­виќ е ус­пе­шен спорт­ски ди­ре­ктор на Ма­ри­бор, еки­па што игра­ше и во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, исто ка­ко и Ба­зел. Ту­ка е и Руи Ба­рош, кој е по­мо­шен тре­нер на Пор­то. Со нив играв за­ед­но, осво­ју­вав­ме тро­феи, а се на­де­вам де­ка си­те за­ед­но ќе про­дол­жи­ме да ре­ди­ме ус­пе­си и во по­сти­грач­ка­та ка­ри­е­ра.

 

Има ли фуд­бал­ски штоф во ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја за поз­на­ча­ен про­грес. Јав­но­ста се­ко­гаш оче­ку­ва плас­ман на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње, но ни­ка­ко да ста­са­ме до­та­му. Ќе нај­де­те ли ма­ги­чен ре­цепт за под­виг?
Друловиќ: Се­ко­гаш мо­ра да има ам­би­ции, и тоа за нај­ви­со­ки до­стре­ли. Јас сум од овие про­сто­ри и ве­ро­јат­но за нај­го­ле­ми­от дел од нас проб­лем се не­ре­ал­ни­те ба­ра­ња, но нѐ кре­пи та­лен­тот. Ако не­ма­те цел, то­гаш бес­по­лез­но е да се за­ни­ма­ва­те со вр­вен спорт. Не би при­фа­тил да би­дам се­ле­ктор, ако не мис­лам де­ка ма­ке­дон­ски­те игра­чи не­ма­ат ква­ли­тет за по­ве­ќе и за по­до­бро. И на пла­нот на игра­та и на план на ре­зул­та­ти. Мо­же­би ќе бе­ше по­до­бро да има­ме по­ве­ќе бо­до­ви во овој ква­ли­фи­ка­ци­ски цик­лус, но се­га е нај­важ­но до кра­јот на нат­пре­ва­ру­ва­ње­то да по­ка­же­ме еден си­лен тим­ски дух, да оди­гра­ме цвр­сто, дис­цип­ли­ни­ра­но и мо­дер­но. Ги сле­дев пос­лед­ни­те два ме­ча на Ма­ке­до­ни­ја со Бе­ло­ру­си­ја и со Ав­стра­ли­ја и точ­но знам што ни е по­треб­но за поз­на­ча­ен ис­че­кор. Мо­же­би по­зи­ци­ја­та лев бек е проб­ле­ма­тич­на, но ве­ру­вам де­ка ќе нај­де­ме ре­ше­ние. Најз­на­чај­но е си­те за­ед­но да по­ка­же­ме де­ка зна­е­ме да игра­ме фуд­бал, игра­чи­те да ве­ру­ва­ат еден во друг, да си по­ма­га­ат во игра­та и да да­дат ма­кси­мум. Ве­ру­вам де­ка по­тоа и на­ви­ва­чи­те и це­ла­та спорт­ска јав­ност ќе би­дат за­до­вол­ни од од­но­сот кон на­ци­о­нал­ни­от дрес и од игри­те на Ма­ке­до­ни­ја. На та­ктич­ки план, најб­ли­ску до мо­ја­та фи­ло­зо­фи­ја е фор­ма­ци­ја­та 4-2-3-1 и за­бе­ле­жав де­ка има по­тен­ци­јал во ре­пре­зен­та­ци­ја­та да се игра со та­ков кон­цепт. Се­ка­ко де­ка ќе има ма­ли мо­ди­фи­ка­ции, но во си­те ли­нии ма­ке­дон­ски­те ре­пре­зен­та­тив­ци пред­во­де­ни од Ибра­и­ми и од Трај­ков­ски има­ат ква­ли­тет да од­го­во­рат на пре­диз­ви­кот. Ќе раз­го­ва­ра­ме и со Го­ран Пан­дев, кој е нај­го­ле­мо име во ма­ке­дон­ски­от фуд­бал, да се вра­ти и да по­мог­не. Се­пак, сѐ за­ви­си од не­го и не­го­ва­та жел­ба и пла­но­ви.

Ljubinko-Drulovic-int139-2

Ре­док при­мер на фуд­ба­лер што играл за лу­ти­те ри­ва­ли Пор­то и Бен­фи­ка

Дру­ло­виќ е ре­док при­мер во Пор­ту­га­ли­ја на фуд­ба­лер што играл за два­та лу­ти ри­ва­ла Пор­то и Бен­фи­ка. Се­дум и пол го­ди­ни бе­ше член на Пор­то, што му е најз­на­ча­ен дел од бо­га­та­та фуд­бал­ска ка­ри­е­ра. По­тоа ед­на и пол се­зо­на игра­ше и за Бен­фи­ка, пред да се вра­ти до­ма и да ста­не член на Пар­ти­зан. Мно­гу по­ве­ќе ус­пе­си има­ше со Пор­то во ге­не­ра­ци­ја­та на ѕвез­ди од ка­ли­ба­рот на Ма­рио Жар­дел, Па­о­ло Со­у­за, Де­ко, Кар­вал­јо, Руи Жор­ге, Ко­у­то и ду­зи­на врв­ни игра­чи. Но­ви­от ма­ке­дон­ски се­ле­ктор за мал­ку го ис­пу­шти пер­и­о­дот на Пор­то под пал­ка­та на „спе­ци­јал­ни­от“ Жо­зе Му­ри­њо, но оста­на за­пи­шан во исто­ри­ја­та на Пор­то со вкуп­но 13 ти­ту­ли во ера­та на до­ми­на­ци­ја на клу­бот во пос­лед­на­та де­це­ни­ја од ми­на­ти­от век. Дру­ло­виќ пет­па­ти бе­ше шам­пи­он на Пор­ту­га­ли­ја со Пор­то, освои три ку­па и пет­па­ти се ра­ду­ва­ше на три­умф во Су­пер­ку­пот на оваа зем­ја. Играч­ко пе­ди­гре од вр­вен ка­ли­бар, а нај­а­ви де­ка и ка­ко тре­нер има ма­те­ри­јал за ви­со­ки до­стре­ли со осво­ју­ва­ње­то на ти­ту­ла­та европ­ски пр­вак со се­лек­ци­ја­та на Ср­би­ја до 19 го­ди­ни.

 

Во Ср­би­ја ме­ди­у­ми­те по­сто­ја­но истак­ну­ваа де­ка зас­лу­жу­ва­те шан­са да би­де­те се­ле­ктор, осо­бе­но по злат­ни­от ме­дал на ЕП со се­лек­ци­ја­та до 19 го­ди­ни. Но, ра­ко­вод­ни­те лу­ѓе во фе­де­ра­ци­ја­та имаа по­и­на­кви пла­но­ви. Ќе би­де ли тоа до­пол­ни­те­лен мо­тив за ус­пех со Ма­ке­до­ни­ја?
Друловиќ: Да не зву­чи не­скром­но, но ан­ке­ти­те са­ми по се­бе го­во­реа де­ка зас­лу­жу­вам шан­са да би­дам се­ле­ктор на Ср­би­ја во пер­и­о­дот по ус­пе­хот со се­лек­ци­ја­та за игра­чи до 19 го­ди­ни. Имав под­др­шка од око­лу 80 про­цен­ти од лу­ѓе­то, но не­ко­гаш и тоа не е до­вол­но. Од таа стра­на ми е жал што не до­бив шан­са. Тоа е ве­ќе ми­на­то, глав­на цел ми е да бе­ле­жам до­бри ре­зул­та­ти со ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. Цвр­сто ве­ру­вам во се­бе, во сво­и­те ква­ли­те­ти и ќе на­пра­вам сѐ за да се ра­ду­ва­ме на до­бри игри и ре­зул­та­ти. Ма­ке­до­ни­ја за ме­не е го­лем пре­диз­вик, ма­ла зем­ја со го­ле­ми оче­ку­ва­ња во фуд­ба­лот и дел од под­неб­је што е мош­не та­лен­ти­ра­но за овој спорт. Се на­де­вам де­ка ќе ус­пе­ам со по­мош на фуд­ба­ле­ри­те, струч­ни­от штаб и со сим­па­ти­зе­ри­те да ги пре­то­чи­ме си­те до­бри пре­дус­ло­ви во до­бит­на ком­би­на­ци­ја на те­ре­нот. Да би­де вид­ли­во де­ка се­кој по­е­ди­нец го да­ва ма­кси­му­мот, да се вра­ти оп­ти­миз­мот и вер­ба­та во сопс­тве­ни­те ква­ли­те­ти. Ка­ко играч ни­ко­гаш не се пре­да­вав. Ве­ру­вам во фи­ло­зо­фи­ја­та де­ка фуд­бал­ски­те би­тки се во­дат до пос­ле­ден здив и тоа ќе би­де фор­му­ла­та што са­кам да ја при­ме­нам и во на­ста­пи­те на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја.

 

Ljubinko-Drulovic-int139-6

 

Де­би­то на офи­ци­ја­лен меч ќе ви би­де про­тив Сло­вач­ка на 14 ју­ни. Про­тив се­лек­ци­ја што е хит во ква­ли­фи­ка­ци­и­те и има ма­кси­ма­лен ефект во на­ша­та гру­па. Стра­ву­ва­те ли од евен­ту­а­лен не­ус­пех, од ви­сок по­раз што би ја раз­ни­шал и та­ка кре­вка­та фуд­бал­ска ат­мо­сфе­ра во Ма­ке­до­ни­ја?
Друловиќ: Сло­вач­ка е фа­во­рит, тоа е нес­пор­но и го по­ка­жу­ва и изг­ле­дот на та­бе­ла­та. Ги по­бе­ди­ја си­те ри­ва­ли до­се­га, вклу­чу­вај­ќи ја и моќ­на­та Шпа­ни­ја, што по­твр­ду­ва де­ка се ви­стин­ска ре­пре­зен­та­ци­ја. Нат­пре­ва­рот ќе би­де те­жок, но ту­ка е шан­са­та да до­ка­же­ме де­ка сме зре­ла се­лек­ци­ја и де­ка мо­же­ме да им па­ри­ра­ме и на та­ктич­ки и на фи­зич­ки план. Ги рес­пе­кти­ра­ме, тие се ли­де­ри во на­ша­та гру­па, а за ме­не меч со ва­ков про­тив­ник е од­ли­чен тест за мож­но­сти­те. Во­оп­што не се пла­шам. На­про­тив, ве­ру­вам де­ка ќе на­пра­ви­ме мно­гу до­бри ра­бо­ти на те­рен и ќе се при­ка­же­ме во до­бро свет­ло. Са­кам да ли­чи­ме на тим, да се вра­ти ду­хот и до­бра­та ат­мо­сфе­ра и да би­де­ме нез­го­ден ри­вал за си­те. По­го­лем мо­тив од тоа не­ма и ве­ру­вам де­ка уште про­тив Сло­вач­ка ќе поч­не­ме да ја вра­ќа­ме вер­ба­та кај на­ви­ва­чи­те во ква­ли­те­тот на ре­пре­зен­та­ци­ја­та. За­да­ча на фуд­ба­ле­ри­те е да го оста­ват ср­це­то на те­ре­нот, да по­ка­жат де­ка мо­жат да би­дат нез­го­ден ри­вал за си­те. Да из­ле­зе­ме од те­ре­нот со чи­ста со­вест. Да зна­е­ме де­ка сме да­ле сѐ од се­бе. Во фуд­ба­лот има и по­ра­зи и по­бе­ди, но мош­не зна­чај­но е да зна­е­те де­ка до нив сте ста­са­ле со бес­по­штед­на бор­ба. Се­ка­ко де­ка тре­ба да би­де­ме свес­ни за ква­ли­те­ти­те на Сло­вач­ка. Тие дол­го ја гра­дат ус­пеш­на­та фуд­бал­ска при­каз­на што се­га но­си ре­зул­та­ти. Ток­му нив­ни­от при­мер, тре­ба да ни би­де мо­дел по кој пат да оди­ме и кон што се стре­ми­ме.

 

Гол про­тив Ма­ке­до­ни­jа во 1999 го­ди­на, се­ле­ктор на Ма­ке­до­ни­jа во 2015 го­ди­на

Љу­бин­ко Дру­ло­виќ бе­ше ед­но од нај­бр­зи­те кри­ла на пла­не­та­та во пос­лед­на­та де­це­ни­ја на ми­на­ти­от век, а пред 16 го­ди­ни по­стиг­на гол и про­тив Ма­ке­до­ни­ја во Скоп­је, ко­га то­гаш­на­та се­лек­ци­ја на СР Ју­гос­ла­ви­ја нѐ по­бе­ди со 4-2. Дру­ло­виќ го по­стиг­на пос­лед­ни­от гол за го­сти­те во 36. ми­ну­та. Тој меч се оди­гра на 8 сеп­тем­ври, на де­нот што Ма­ке­до­ни­ја го праз­ну­ва ка­ко ден на оса­мо­сто­ју­ва­ње­то, но Дру­ло­виќ и не­го­ви­те со­и­гра­чи го по­дра­си­паа сла­ве­нич­ко­то рас­по­ло­же­ние кај нас. Вто­ра шан­са за „по­пра­ва­ње на впе­ча­то­кот“ Дру­ло­виќ до­би овој ме­сец ко­га пот­пи­ша две и пол­го­ди­шен до­го­вор со ФФМ ка­ко нас­лед­ник на Бо­шко Ѓу­ров­ски на се­ле­ктор­ска­та по­зи­ци­ја.

Ljubinko-Drulovic-int139-3

Ин­те­рес­на е при­каз­на­та со број­ки­те. За вас е сре­ќен 1 август и бро­јот 11. За што се ра­бо­ти?
Друловиќ: Ро­ден сум на 11 сеп­тем­ври во 11 ча­сот и це­ла ка­ри­е­ра го но­сев дре­сот со број 11. Две­те еди­ни­ци ве­ро­јат­но ми но­сат сре­ќа. А за пр­ви август сум емо­тив­но вр­зан. Се­ко­гаш ко­га ќе се се­там на тој да­тум, чув­ству­вам по­себ­ни ви­бра­ции. Се­ко­гаш е уба­во ко­га ќе на­пра­ви­те не­што до­бро за сво­ја­та зем­ја. Јас на 1 август 2012 го­ди­на пот­пи­шав до­го­вор со Фуд­бал­ски­от со­јуз на Ср­би­ја, а след­на­та го­ди­на на исти­от ден ста­нав­ме европ­ски пр­ва­ци во Ли­тва­ни­ја со се­лек­ци­ја­та до 19 го­ди­ни. Не­ко­ја чуд­на ма­ги­ја ме до­ве­де во си­ту­а­ци­ја во Ан­го­ла да би­дам тре­нер на клуб со име 1 Август. Има не­ка­ква сим­бо­ли­ка во мо­јот слу­чај. Уште ако ви ка­жам де­ка Лу­ко­виќ во Ли­тва­ни­ја го да­де пр­ви­от и пос­лед­ни­от шам­пи­он­ски гол за европ­ска ти­ту­ла, а го но­се­ше дре­сот со број 11 ќе ви ста­не јас­но де­ка две­те еди­ни­ци и 1 август ми но­сат сре­ќа. Се на­де­вам де­ка и со Ма­ке­до­ни­ја ќе прос­ла­ви­ме ус­пех и зо­што да не и плас­ман на го­ле­мо нат­пре­ва­ру­ва­ње, на не­кој 11 во ме­се­цот. Еве не­ка би­де и на 1 август, са­мо да ус­пе­е­ме да го изра­ду­ва­ме на­ро­дот со зна­ча­ен ре­зул­тат.

 

Разговараше: Зоран Поповски
Фото: Александар Ивановски
(Текст објавен во 139. број на неделникот „Република“, 1.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top