Гоце Смилевски објави нов роман со наслов „Враќањето на зборовите“. Делото ексклузивно ќе биде изложено на штандот на издавачот „Дијалог“ на претстојниот Саем на книгата во Скопје.
Романот „Враќањето на зборовите“ од Гоце Смилевски е посветен на темата за вечната борба помеѓу љубовта и амбицијата, помеѓу етичките вредности и бескрупулозната желба за власт. Дејството се одвива преку исповедта на Елоиза, која се споменува единствено во контекст на приказната на теологот и философ од 12 век, Абелар. Романот „Враќањето на зборовите“ дава поинаква проекција на животот на Елоиза, една од најобразованите личности на своето време, која останала во сенката на Абелар, човекот во чие автобиографско дело „Историја на моите несреќи“ сликата за неа е површна.
Гоце Смилевски е автор на романите „Планета на неискуството“ (2000), „Разговор со Спиноза“ (2002), „Сестрата на Зигмунд Фројд“ (2010) и „Враќањето на зборовите“ (2015). За „Разговор со Спиноза“ ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“. За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ е добитник на меѓународните признанија: Награда за литература на Европската унија и Награда за медитеранска култура.
Романите на Гоце Смилевски се објавени на преку триесет јазици во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на романот „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева во Библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
„Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах
-
Смртна казна за познат писател на крими-романи: Злосторството го прераскажал во роман
-
„Антолог“ ја објави книгата „Лисица“ од Дубравка Угрешиќ