| четврток, 6 декември 2018 |

Поради оваа снимка гори Тел Авив (ВИДЕО)

607807_tel-aviv_f

Најмалку 23 полицајци и седум демонстранти се повредени синоќа во Тел Авив во судирите кои избиле по собирот против насилство и дискриминација на полицијата врз Израелците, кои се по потекло од Етиопија.

607640_tan2015532047583540_f

Полицијата соопшти и дека неколкумина демонстранти биле уапсени. Околу 3.000 лица, главно Евреи од етиописко потекло, протестираа синоќа во Тел Авив против расизмот и полициската бруталност, предизвикувајќи прекин во сообраќајот а подоцна и немири.

607642_tan201553204844581_f

Етиописката заедница во Израел ја вознемирило објавувањето снимки на кои се гледа како полицајци физички напаѓаат припадник на израелската војска од етиописко потекло.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денеска ќе се сретне со претставници од оваа заедница, како и со претепаниот војник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top