| четврток, 6 декември 2018 |

Туристи од Бенелукс утре пристигнуваат во Македонија

туристи2

Со чартер-лет од Амстердам утре на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ треба да пристигнат првата група туристи од државите на Бенелукс кои летниот одмор ќе го минат на охридското крајбрежје.

Станува збор за туристи кои ќе летуваат тука преку аранжманите што ги нуди тур-операторот „Корендон“, заедно со нивниот македонски партнер „Фибула травел“.

Според најавите на домашните ин-каминг агенции, на 10 мај во Охрид ќе треба да пристигне и првата група туристи од Бенелукс преку аранжманите на тур-операторот „ТУИ Аркетравел“.

Инаку, податоците на тур-операторите за летувањето во сезоната 2015 година укажуваат на  зголемување на интересот за летувањата во Македонија, со зголемена продажба на аранжманите за Охрид за некаде 30 проценти, споредено со истиот период минатата година.

Предвидено е оваа сезона двата тур-оператори да оперираат со по три чартер-лета седмично, но со отворена можност да се воведат и четврти летови на двата тур-оператори доколку се задржи високиот интерес на туристите од тој дел на Европа за летување во Македонија.

Последните туристи од земјите на Бенелукс ќе заминат од Македонија некаде кон средината на октомври. Процените на „Корендон“ и на „ТУИ“ се дека во текот на летната сезона 2015 на охридската ривиера и во Македонија ќе летуваат околу 25 илјади туристи од Холандија, Белгија и од Луксембург

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top